Од полноќ дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Бензинот еуросупер БС-95 ќе чини 83,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе биде 85,50 денари, а дизелот ќе се продава по 77,50 денари

Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на дизелот и бензините. Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на дизелот да се намали за еден денар, а бензините да поскапат за еден денар.

Според РКЕ, се намалуваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, за 1,50 денар, како и на мазутот, за 0,321 денари.

Бензинот еуросупер БС-95 ќе чини 83,50 денари за литар, додека еуросупер БС-98 ќе биде 85,50 денари, дизелот ќе се продава по 77,50 денари, екстра лесното за 76,50, а мазутот по 41,667 денари за килограм.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 отсто во однос на одлуката од 6.3.2023 година.Како што информира РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684 отсто, кај дизелот намалување за 2,149, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079 и кај мазутот има намалување за 0,996 проценти.

Back to top button
Close