Од понеделник ќе се наплаќа патарина на автопатот Миладиновци-Штип

Од понеделник ќе почне да се наплаќа патарина на наплатните станици на автопатот Миладиновци-Штип. Цената во еден правец за моторни возила е 70 денари. На наплатните станици Преод и Кадрифаково има седум наплатни кабини и поставен е електронскиот систем за наплата.

„Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти, покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

 

Изградбата и опремата за електронска наплата, за наплатната станица Преод чини изнесува 2,5 милиони евра, а за наплатната станица Кадрифаково 2,3 милиони евра.

 

Еве ги цените за сите категории возила:

 

Наплатна станица Преод

1А Категорија 40 денари или 0,5 евра

1Б Категорија 70 денари или 1,5 евра

2-ра Кат. 100 денари или 2 евра

3-та Кат. 180 денари или 3 евра

4-та Кат. 270 денари или 4,5 евра

 

Наплатна станица Кадрифаково

1А Категорија 30 денари или 0,5 евра

1Б Кат. 50 денари или 1 евра

2-ра Кат. 80 денари или 1,5 евра

3-та Кат. 150 денари или 2,5 евра

4-та Кат. 220 денари или 4 еВра

 

Back to top button
Close