Од понеделник редовна авиолинија Скопје-Женева со „Изи Џет“

В понеделник, на 1 ноември на Скопскиот аеродром во 15:5 часот ќе слета првиот авион од Женева на нискобуџетната британска авиокомпанија „Изи Џет“.

Со оваа редовна авиолинуија на релацијата Скопје-Женева и обратно ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, се до декември.

Потоа ќе се лета три пати неделно.

Првиот авион на скопскиот аеродром в понеделник ќе го пречекаат генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Оваа авиокомпанија во регионот има дестинации и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Хрватска, Словенија, Грција.

Back to top button
Close