Од понеделник војската ќе почне со испорака на гориво низ Британија
Од понеделник војската ќе започне со испорака на бензин низ Велика Британија бидејќи снабдувањето со гориво се уште е голем проблем во југоисточна Англија.
Најмалку 150 возачи на воени танкери се подготвени за испорака на гориво од рафинериите до бензинските станици. Кризата ја предизвика недостатокот на возачи на камиони, што доведе до панично купување бензин ширум Велика Британија.
Обединетото Кралство се бори со кризата со горивото што предизвика огромни редици пред некои бензински пумпи и ги принуди луѓето да бараат бензин возејќи на резерва на повеќе бензински станици.
Поради Брегзитот земјата ја напуштија 20.000 стручни лица главно од Источна Европа. Британската владата вели дека трупањето гориво од страна на граѓаните уште повеќе ја влошило состојбата, бидејќи се работи на тоа 5.000 камионџии да добијат дозволи за работа.