Од притвор во Нови Сад пуштени тројца активисти по неколкудневни протести на студенти во блокада и граѓани
Апелацискиот суд во Нови Сад попладнево донесе одлука за прекин на притворот на притворените активистки Марија Васиќ, Лазар Диниќ и Ладo Јововиќ, кои беа во притвор повеќе од два месеца. Судот подоцна ќе одлучи за другите тројца притворени активисти.
Петмина притворени активисти беа во Нови Сад, додека професорката Марија Васиќ пред два дена беше префрлена во затворската болница на Централниот затвор во Белград, поради лоша здравствена состојба откако со денови штрајкуваше со глад.
Во врска со случајот на Марија Васиќ и апсењето на активистите, Европската комисија објави дека е „длабоко загрижена“ за влошувањето на здравјето на професорката која е во притвор и штрајкува со глад.
Активистите од Нови Сад, Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ, Лазар Диниќ, Ладо Јововиќ, Давор Стефановиќ и Марија Васиќ беа уапсени на 14 март, ден пред масовниот протест во Белград, под обвинение дека подготвувале акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија.
Провладините телевизиски станици со национална покриеност емитуваа аудио снимка од прислушуван разговор од состанок на активистите, во кој се зборува за планови за наметнување на идејата за преодна влада на протестот во Белград и за упад во зградата на Радио и телевизија на Србија.
Адвокатите на одбраната на обвинетите постојано тврдат дека БИА нелегално го прислушкувала разговорот, наведувајќи дека аудио-снимката не може да биде правно валиден доказ во процесот.
На 15 мај, адвокатите на уапсените поднесоа жалба против одлуката на судот за продолжување на притворот за 30 дена. Студентите во блокадата, граѓанските собири, невладини организации и Европскиот парламент претходно побараа ослободување на активистите.