Од ресторанот на „Боемска“ тврделе дека снимките од видеонадзорот се украдени, но по претрес полицијата ги пронашла

Од Јавното обвинителство велат дека синоќа издале барање за обезбедување на потребните податоци – видеозаписи од надзорни камери за настанот на улицата „Боемска“ во Скопје, пренесе 360 Степени.

Неофицијално, од ресторанот во кој бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврделе дека носачите на снимките се украдени, но откако МВР обезбедило судска наредба за претрес, уредите со снимките биле пронајдени и обезбедени

Полицајците од СВР Скопје и од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) дури во раните утрински часови ја напуштија „Боемска“ во Скопје. Иако уште пред стемнување беа пред ресторанот кој не дозволил инспекција од Пазарниот инспекторат, на органите на редот им требаа седум часа за да си заминат со она што го бараа – снимките од надзорните камери.

повеќе

Back to top button
Close