Од следната недела ќе се вакцинираат и членовите на Владата

Сметам дека е добар сигнал, членовите на Владата и јавните личности да се вакцинираат со таа вакцина која ја имаме во најголеми количини, а тоа сега е кинеската вакцина на „Синофарм“, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју на „360 степени“.

-Немам никаков проблем, ниту пак преферирам некоја вакцина, сметам дека вакцината на „Синофарм“ е сосема солидна – рече Филипче.

Тој додаде дека членовите на Владата се очекува да започнат со вакцинација кон крајот на следната недела.

„Како дел од критичната инфраструктура, членовите на Владата треба да се вакцинираат после пратениците. Собранието како институција заврши со првата фаза, вкацина добија и вработените во службите, понатаму и пратениците. Целта е сите што се таму да бидат целосно вакцинирани за да може Собранието да функционира, а потоа на ред доаѓа Владата, можеби од следната недела па натаму – истакна Филипче.

Back to top button
Close