Од Тинекс демантираат дека ланецот супермаркети ќе се продава: Единствен сопственик останува Владимир Тодоровиќ.
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје којa управува со Тинекс маркетите ja демантира веста дека е постигнат договор за продажба на ланецот супермаркети „Тинекс“ на компанијата „Вива Фреш“.
Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
По објавената вест на порталот Shqipmedia на 20.9.2022 со наслов дека е постигнат договор за купопродажба на ланецот супермаркети „Тинекс“ од страна на компанијата „Вива Фреш“, вест која ја пренесоа многу македонски портали без да нè прашаат да ја потврдиме или демантираме веста створија збунувачка атмосфера во јавноста, меѓу вработените и соработниците. Компанијата ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека ниту Тинекс маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје којa управува со Тинекс маркетите и понатаму останува со единствениот сопственик Владимир Тодоровиќ.