Од УБК во станот на Муслиу му поставија скришно камера, откри Нинџа на сведочењето за крвавиот четврток

Груевски не направи влада. Штабот на ВМРО-ДПМНЕ измисли протести ‘За заедничка Македонија’ со фиктивни водачи да глумат пред народот дека се водачи. На повик на Кирил Божиновски и Владимир Атанасовски, отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски. Се расправаа за пари, земени од некоја провизија. Требало кај Божиновски да се дадат, за раководството на партијата, а ги зел Александар, портпарол или шеф на кабинетот, кој беше во просторијата. Александар молеше да му дадат време да ги соберат. Се работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски. Тие секој ден доаѓаа да добиваат инструкции што да му зборат на народот и каде да се движат. Со Дамовски доаѓаше жена Иванка“, кажа Нинџа.

Рече и дека за масовноста на протестите бил задолжен Кирил Божиновски и секако, Спире Ристовски.

„На протестите доаѓаа и луѓе на Оливер Спасовски, добивме задачи да ги следиме Лазе Велковски и Јовче Ременски. А на аналитичарот Алберт Муслиу, му влегоа тајно од УБК дома, му отклучија кога немаше никој, му ставија во домот видео-камера“, вели Нинџа.

Во Кривичниот суд продолжува Нинџа со сведочење за денот на нападот во Собранието.

Извор: СДК

Back to top button
Close