Од удар на гром се запали Беласица на грчка територија

Заменик-генералениот директор на „Македонски Шуми“, Кире Михаилов информираше дека од удар на гром се запалила планината Беласица на грчка територија, во близина на тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Бугарија.

-После девет дена страшно тешка битка конечно го ставивме пожарот над село Николич под контрола, но, сликата зад мене покажува колку природата некогаш може да биде сурова, порача Михаилов.

Заменик директорот сподели и дека контактирана е грчката Влада од каде соопштиле дека ќе интервенираат со воздухоплови.

Back to top button
Close