Од употреба се повлекуваат 14 учебници за седмо одделение

Националната комисија за учебници одлучи да повлече 14 учебници за седмо одделение од основното образование. Одлуката, која стапува во сила веднаш, се однесува на учебни материјали по повеќе предмети на македонски, албански, турски и српски наставен јазик.

Одлуката била донесена на седницата одржана на 9 октомври 2026 година. На списокот на учебници што повеќе нема да се користат се најдоа:

 

– Advertisements –

 

Македонски јазик – учебниците од Снежана Велкова и Соња Јовановска, како и од Сузана Цветковиќ и Билјана Димковска, одобрени во 2009 година.

 

Албански јазик – учебникот од Зихни Османи и Фејзи Бојку, одобрен во 2009 година.

 

Турски јазик – учебникот од Осман Емин, одобрен во 2010 година.

 

– Advertisements –

 

Српски јазик – учебникот од Добривоје Стошиќ и Билјана Георгиевска, одобрен во 2016 година.

 

Историја – учебниците од проф. Ненад Нанески и проф. Бехар Мехмети, како и од проф. Милан Бошковски, проф. Неби Дервиши и проф. Јордан Илиоски, одобрени во 2005 година.

 

Географија – учебникот од Благоја Марковски, одобрен во 2019 година.

 

Ликовно образование – учебниците од Данчо Ордев, како и од Ана Цветкоска Панова и м-р Ангелина Дамјаноска Наумоска, одобрени во 2008 година.

 

Информатика – учебникот од Андријана Томовска, одобрен во 2020 година.

 

Музичко образование – учебникот од Фроска Дугановска Сапунџиева, Веселинка Маџарова и Фљурим Зуљфија, одобрен во 2020 година.

 

Физичко и здравствено образование – учебникот од Златко Павловски, одобрен во 2008 година.

 

Етика – учебникот од Кирил Темков, одобрен во 2010 година.

 

Од Националната комисија наведуваат дека повлекувањето е спроведено согласно Законот за учебници во основното и средното образование.

 

Причините се разликуваат. За дел од предметите веќе се одобрени нови учебници, додека за други, според новата Концепција за основно образование и изменетите наставни планови, воопшто не е предвидено користење учебници.

Со одлуката, како што образложуваат од Комисијата, се обезбедува правна усогласеност и непречено одвивање на наставниот процес.

Страните засегнати од одлуката можат да поднесат тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување на интернет-страницата на Министерството за образование и наука

Back to top button
Close