Од утре армијата се распоредува во здравствените објекти каде е потребно, се очекува одлуката

Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции кои тоа ќе го побараат. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…

-Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам  во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да фнкционра, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амасадорка Рејчел Галовеј.

Појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не  е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање.

-Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од интитуциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатеи најгоелмиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници  како  „8 Септември“ и другите во градов и во поголемите центри, како Тетов, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска.

Back to top button
Close