Од утре исплата на јунските пензии, направен распоред за да се избегнат гужви

Македонската банкарска асоцијација информира дека пензионерите коишто поседуваат дебитни картички, од утре (26 јуни) ќе можат да ја подигнат јунската пензијата.

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

-во петок, 26 јуни – пензии во висина до 11.000 денари;

-во понеделник, 29 јуни – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

-во вторник, 30 јуни – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

-во среда, 1 јули – пензии во висина над 18.000 денари.

„Ги молиме клиентите кои не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите. Сите банки преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето“, велат од банкарската асоцијација.

Од таму апелираат корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца.

Back to top button
Close