Од утре корисниците на парно греење во Скопје ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ

Од утре корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, информира денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ.

-Корисниците на централното греење на нашиот систем од утре се повикуваат да се обратат до пунктовите кои се на исто место за да почне регулирањето на нашите односи со потпишување договори за снабдување со топлинска енергија, како и сите други барања кои произлегуваат од оваа услуга, рече Маројевиќ.

ЕСМ доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години.

Back to top button
Close