Од утре нова цена за роаминг, наредна година разговори во странство по домашна тарфа

Од утре се намалуваат цените на роамингот во земјите од Западен Балкан поради намалувањето на надоместокот за услугата на дојдовните повици. Впрочем од 1 јули овој надоместок ќе се намали од четири центи за минута на 2,5 центи, односно 37,5 отсто.

Овие цени ќе важат до следната година, од кога услугите за роаминг целосно ќе се изедначат, па во која било земја од Западен Балкан ќе се разговара исто како и кога сте дома.

Договорот за намалување на цените на роаминг услугите во јавните мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западн Балкан е склучен во април минатата година во Белград помеѓу министерствата надлежни за областа електронски комуникации на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово.

Back to top button
Close