Од утре почнува скринингот во основните училишта, препораките за Ковид на веб страницата на МЗ

Од утре започнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19. Тоа беше аларм за иницираме ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ и додаде дека тоа е заклучок кој денеска на состанок го донела Комисијата.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски рече дека скринингот ќе се спроведе во училиштата. Тој посочи и дека од денеска препораките за лекување од Ковид-19 се достапни на веб страница на Министерството за здравство.

Back to top button
Close