Од утре повторно отворен Малиот затворен пазар во Нова Населба во Велес

Малиот затворен пазар во Нова Населба, со кој стопанисува ЈКП „Дервен“, утре ќе биде отворен, по четири месеци пауза, поради состојбата со Ковид-19. Оваа одлука минатиот петок ја донесе посебна комисија на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Директорот на ЈКП „Дервен“ Тони Јовиќ информира дека пазарот во изминатата недела е темелно исчистен и дезинфициран, а во него ќе се почитуваат сите препораки од Владата за безбедно продавање и пазарење. Тој денеска направил увид на Малиот пазар и дал зелено светло истиот утре да биде пуштен за пазарување со зеленчук и овошје за граѓаните.

Граѓаните кои живеат во новиот дел од градот, во изминативе четири месеци, беа принудени да пазаруваат на Големиот градски пазар, оддалечен два три километри.

Инаку ЈКП „Дервен“ кое стопанисува со двата Градски пазари еднаш неделно врши темелно перење и дезинфицирање на Главниот зелен Градски пазар. а кој работи непрекинато за цело време на епидемијата со Ковид-19, а согласно препораките за безбедно продавање и купување.

Back to top button
Close