Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда

Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар.
Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.






