Од вечерва ќе ги затвораме објектите каде што има неправилности“, најавија од пазарната инспекција по случајот со „Аватар“
Поради коронавирусот сè уште нема дозвола за работа за ноќните клубови во Македонија, туку само за кафулињата и рестораните., па оттаму Струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ не смеел воопшто да работи поради тоа што бил регистриран како ноќен клуб, а не како кафуле, соопштуваат од Пазарниот иснпекторат.
„Овој локал е регистриран како ноќен клуб, а дозвола за работа на ноќни клубови поради ковид-19 нема. Затоа тие не смееле воопшто да работат. Не можат да работат како кафуле бидејќи немаат таква дозвола. Исто така, соодветна санкција за сопственикот на клубот ќе има и поради тоа што не се почитувале мерките односно присутните не носеле маски, а имало околу 600 гости“ – вели директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.
Пауновски вели дека отсега дирекно ќе ги затвораат локалите кои работат без дозвола, бидејќи не можат да излезат на крај со газдите.
„Граѓаните немаат свест. Нашите инспектори постојано се под притисоци и закани. Во Струмица праќаме инспектори од Скопје, оти на тамошните им се закануваат газдите на клубовите. Така е и во другите градови. Ние не можеме да ги казнуваме граѓаните кои не носат маски, тоа треба да го прави полицијата, а таа пак не доаѓа секогаш со нас на интервенции. Затоа, од денес веднаш ќе ги затвораме сите објекти каде ќе бидат констатирани неправилности“ – додава Пауновски.