Од вечерва нови рестрикции за вода во Тетово, изворот Лешница е загаден

Од вечерва Јавното комунално претпријатие „Тетово” воведува рестрикции во водоснабдувањето, за што тврдат дека се потребни поради загадување на водата што доаѓа од новиот водоснабдителен систем од Лешичка Река.

Според нивната информација, до загадување на водата што доаѓа од изворот на Лешница е поради обилните врнежи дожд и затоа тој водоснабдителен систем е исклучен од мрежата.

– Количеството на вода што доаѓа од другите извори и бунарите е 260 литри во секунда, количество што не е доволно за нормално снабдување на сите граѓани. Поради тоа, претпријатието одлучи од 23:00 до 03:00 часот да има рестрикција на вода. Оваа информација ќе важи се додека анализата на водата од изворот на Лешница не ни покаже дека водата е чиста и ги исполнува условите да биде пуштена во употреба од граѓаните, се вели во известувањето на ЈКП „Тетово”.

Годинава рестрикции во Тетово имаше и во јануари, но граѓани од многу делови на градот велат дека постојано се соочуваат со прекини во водоснабдувањето.

 

 

Back to top button
Close