Од викендов полека влегуваме во поладен период!

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, вели метеорологот Славчо Попоски.

„И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени“, вели тој.

Back to top button
Close