Од Зендели зависи изборот на нови уставни судии, сам ќе си оди или ќе биде разрешен?

Засега само од добрата волја наФадил Зендели дали ќе ја напушти Комисијата за избори и именувања откако Беса отиде во опозиција зависи дали тоа работно тело ќе заседава за избор на новите четири уставни судии. Претседателот на Собранието Талат Џафери го одби предлогот на опозицијата да ја свика Комисијата за избори и именувања. Тој повтори дека не може да ја свика Комисијата без да биде вратен соодносот на власта и опозицијата во тоа работно тело.

-Работата на Комисијата треба да го рефлектира мнозинството и од тој момент ќе може да работи. Фадил Зендели беше и потпретседател на Собранието, но откако Беса стана опозиција тој поднесе оставка од подпретседател бидејќи тоа се коси со деловничкиот принцип. По таа логика не може местото кое го држел од име на мнозинството да го држи и како опозиција. Тоа место во Комисијата веќе не ѝ припаѓа на Беса туку на СДСМ. Од таа причина на секоја координација е укажано дека треба да се реши ситуацијата во Комисијата и потао да се доекипираат и другите работни тела каде пратеници заминале како градоначалници и на тие што дошле на нивното место – изјави Џафери.

Тој вели дека ќе го спроведе Деловникот и ќе го поврати соодносот во ова работно тело иако не каже дали ова значи разрешување на Зендели или пак назначување на нов член.

Ќе го спроведам Деловникот независно кој како ќе се чувствува по тоа, потенцираше Џафери.

Back to top button
Close