Одбележана 50 годишнината на центарот за култура во Дебар

Денеска Центарот за култура во Деба ја одбележа 5о годишнината од постоењето во присуство на министерката за култура Ирена Стефковска , градоначалникот на Дебар Хекуран Дука како и  творци во сферата на култура од Дебар и почирокиот регион . Директорот на Центарот за култура –Дебар Зинче Мимидиноски нагласи дека оваа институција е формирана во 1971 година  а објектот е зуиграден со солидарни средства на градот Скопје поради катастрофалниот земјотрес во Дебар кои се случи на 3о ноември 1969 година . За пола век оваа институција беше и останува главно место каде што се организираат и креираат сите кулктурни активности .

Министерката за култура во својот поздравен збор упати честитки до вработените на Центарот и нагласи дека оваа културна институција реализира мошне успешно голем број на активности. ,, Посебно се многу значајни оригиналните детски фестивали ,,Радика Фест,,  и ,, Билбилат е Корабит,, , како и другите бројни проекти ,, рече Стефовска и додаде дека министерството ке продолжи да подржува проекти на овој Центар. Таа најави и подршка за проектот санација на фасадата на центарот за култура .

Градоначалникот Хекуран Дука нагласи дека оваа институција има бројни проекти, кои во еден дел се подржани и од страна на локалната самоушрава во Дебар  . Тој додаде дека проектите на Центарот се значајни за културниот жиувот во градот и регионот , но истакна дека очекува подршка од министерството и за основање на музеј на Дебар бидејки градот тоа го заслужува .

Следеше доделување на признанија и благодарници на поранешни и сегашни раководители , какои и познати творци  од Дебар и регионот . Излаожбата на фотографии која ја отвори министерката Ирена Стефовска  ги пренетираше сите активности во изминатиот половина век кои се реализирани  во оваа институција . Тука беа фотографии  од повеке балетски настапи, потоа драми, музички концерти ,изложби и тн.

К. М.

Back to top button
Close