Одбележана 79-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Со овој чин, Владата се приклучи во активностите по повод 79 годишнината од трагичниот настан на 11 март 1943 година, кога 7 .144 македонски Евреи беа депортирани и погубени во нацистичките логори на смртта во Полска.

Во пригодните обраќања пред спомен обележјата на Холокаустот, уште еднаш беа испратени пораките дека оваа трагедија ќе остане засекогаш запаметена, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе повикуваат да не се заборави.

Претседателот на еврејската заедница во земјава Пепо Леви прашува, колку е денес научена лекцијата која уби 17 милиони луѓе, од кои 6 милиони се Евреи.

-Антифашизмот, ксенофовија, па и фашизоидните појави во срцето на Европа станаа секојдневие. Кај нас доволно беше да дојдат од кои повеќе од половина беа жени и деца, па да се разбуди неверојатен говор на омраза и антисемитизам.

Во пресрет на одбележувањето на денот, шефот на државата Стево Пендаровски порача дека во времиња на кризи, популистите ги хранат луѓето со гнев и страв кон послабите и поранливите.

-Една рака пепел тежи повеќе од сите приказни за тоа проколнато место, тука во меморијалниот центар на холокаустот се трите урни со пепел од Треблинка во спомен на евреите од Скопје, Битола и Штип, таа пепел говори повеќе од секој наш искажан збор.

Од друга страна пак, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонските Евреи во 1943 година.

На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви.

Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави.

Транспортот на Евреите од Македонија во Треблинка бил организиран од Бугарските окупаторски сили во земјава, по наредба на нацистите.

Back to top button
Close