Одбележани двата Илиндени во Струмица

 Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица и рецитирање револуционерна поезија беа одбележани 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ.

За значењето на двата Илиндени говореше градoначалникот на Струмица Коста Јаневски.

– Илинден не смее да биде само дел од едно наше минато свршено време, туку да биде потсетник за креирање на една нова успешна приказна, во која свое место ќе пронајдат идните наши поколенија. Наша должност е да бидеме само преносно „колено“ во битисувањето на македонската низа во која ја пронаоѓаме нашата целосна идентификација, рече градоначалникот Јаневски.

Чествувањето на големиот македонски празник продолжи со полагање цвеќе пред спомен бистата на илинденскиот војвода Ристоман Кочев Попчевски во селото Попчево.

Back to top button
Close