Одбележување на Бадник во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје


Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје денеска од 10 часот ќе почне одбележувањето денот пред раѓањето на Исус Христос – Бадник.

Покрај бадниковата химна, во изведба на Силви Бенд, ќе биде подигнато и бадниковото знаме, а ќе бидат осветени и бадникови гранчиња.

Во 10:15 часот ќе се пречекот на бадникарските кумови за 2023 година, Мојсо Мојсовски и Марко Илковски јуниор со бадниковата погача и здравичарот Иванчо Стефков.

Во 10:30 ќе се одржи пречек на ланските кумови Драган Спасов Дац и Александар Митевски со сопругите и Бадникарскиот ќуп.

По ова во Соборниот храм тие ќе имаат куса средба со архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ќе ја благослови погачата.

На бината, потоа, свое обраќање ќе имаат сите учесници од манифестацијата и ќе се изврши примопредавањето на Бадникарскиот ќуп, по што новите кумови ќе бидат испратени до пајтонот.

На настанот е најавено присуство и на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, и на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Министерството за внатрешни работи, вчера информираше дека поради ова одбележување сообраќајниците околу соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, денеска од 10 часот ќе бидат затворени за сообраќај.

– Поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот, па сѐ до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм „Св.Климент Охридски” и тоа од објектот на „Пошта на РСМ” до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм, до зградата на Владата на РСМ, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму велат дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close