Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи настан по повод одбележувањето на 11 Јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Како што информираат од законодавниот дом, настанот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а ќе го модерира претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи.

На настанот, ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеникот Амар Мециновиќ, професорот Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз Џевад Хот и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците Аднан Азизи.

Back to top button
Close