Одбиена жалбата на екс државниот правобранител Фехми Стафа, останува во притвор
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот Ф.С. поранешен државен правобранител, против решение на судија на претходна постапка со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, по одржана седница и советување, донесе решение со кое – жалбата се одбива како неоснована и решението на судија на претходна постапка се потврдува.

Односно, Ф.С., за кој постои основано сомнение за кривично дело – Примање награда за против законито влијание, останува во притвор заради постоење на околностите од чл. 165 ст.1 т.1 и 2 односно Опасност од бегство и Влијание врз сведоци.






