Одбиено барањето на Берлускони за прекин на судењето

Италијански суд денеска го одби барањето на поранешниот премиер Силвио Берлускони да го прекине судењето поради тешка болест.

Судијата Марко Тремолада сепак го закажа следното рочиште за 8 септември, што му дава на 84-годишниот милијардер повеќе од три месеци да закрепне од последната акутна фаза на болеста.

Берлускони, кој беше италијански премиер четири пати, годинава неколку пати беше во болница откако беше заразен со коронавирусот минатиот септември, што предизвика шпекулации дека неговото здравје е сериозно нарушено.

На денешното рочиште, кое се однесува на случајот во кој тој е обвинет за секс со малолетна девојка со прекар Руби, Термолада донесе одлука случајот Берлускони да не се одвојува од другите обвинети, со што ги отфрли барањата и на обвинителството и на одбраната.

Берлускони е обвинет дека не пријавил малолетна проституција.

Адвокатот на Берлускони рече дека неговата неможност да присуствува на судењето може да го парализира судењето за останатите обвинети.

Обвинителката Тицијана Сицилијано рече дека Берлускони страда од повеќе психијатриски и невролошки проблеми, кои тешко дека ќе се излечат до септември, но судијата изјави дека судот е оптимист во врска со неговото закрепнување.

Back to top button
Close