Одбиено барањето за изземање на велешкиот суд, судењето за Панчевски продолжува утре

Основниот суд Велес не го прифати барањето на бранителот на поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, адвокатот Петро Јанура за изземање на судијката Валентина Георгиевска и на велешкиот основен суд и реши главната расправа во судењето со преостанатите сведоци да продолжи утре 11:30 часот.

По денешната расправа Јанура изјави дека ова што денеска се случи на судењето на Панчевски во Основниот суд во Велес било „флагрантно кршење не човековите права”.

– Затоа бевме приморани да побараме изземање на судечкиот судија Валентина Георгиевска. Станува збор за евидентна повреда на човековите права до тој степен што сите ускратувања зрачеа со една неправичност. Затоа ние бранителите бевме приморани да побараме изземање на велешкиот суд, изјави Јамуро.
Прочитајте и… Галуп: Германија е најпочитувана држава во светот трета година по ред

На почетокот на денешната расправа во судскиот процес против Панчевски по обвинението за злоупотреба на системот АКМИС,обвинетиот одби да се изјасни дали го разбира обвинителнот акт, нагласувајќи дека не е подготвен за тоа и дека не се сретнал со неговите бранители.

– Јас немав можност од она што го видов како документација да се произнесам по обвинителниот акт, изјави Панчевски.

Судијката Валентина Георгиева нагласи дека Судот се уверил оти обвинетиот Панчевски не разбрал за што е обвинет и накратко ја изнесе содржината на обвинението.

Адвокатот Јанура појасни дека не е јасно обвинението како што е вака поставено и побара од ОЈО да го прецизира.

Тој рече дека сака да им укаже дека Владимир Панчевски е се уште вработен судија во Основен кривичен суд Скопје и има право на работен однос како судија.

Јанура уште додаде дека Судот е должен да сооопшти дали Владимир Панчевски е одјавен како судија и побара од велешкиот Суд да се обрати до Основниот кривичен суд Скопје да достави доказ дали фигурира Панчевски се уште како вработен.

Воедно тој побара од Судот мерката притвор на Панчевски веднаш да му биде укината, бидјеќи смета дека се додека е вработен како судија има право на имунитет и дека се прави повреда на тоа право.

На денешната главна расправа беа испитани четворица сведоци.

Една од сведоците Лилјана Спасевска, записничар во Онсовен суд 1 – Кривично одделение, потврди дека постоела листа со судии коишто ги добивале предметите рачно. Таа го спомна првиот случај на предмет на СЈО којшто завршил како предмет со звучни имиња кај судијката Татјана Михајловска која го добила и го работела по стариот закон на ЗКП.

Прочитајте и…  Латинска Америка за првпат ги надмина САД и Канада по бројот на случаи на коронавирус

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

Back to top button
Close