Одбраната на Мијалков: Обвинението не се базира ниту на материјални ниту на вербални докази

Не постои доказ за договори склучени на фирмата „СС инвестемент“ за становите во „Панорама“ за кои што денеска во судот зборуваше обвинителката Лиле Стефанова, велат од одбраната на Сашо Мијалков, и додаваат дека да имало такво нешто тоа би било приложено како доказ во дополнението.

Стефанова денеска во завршните зборови за случајот „Плацови на Водно“ рече дека вакви договори се најдени при претрес на возилото на Мијалков.

Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Звонко Давидовиќ, денеска во завршните зборови го оцени обвинението како конструирано кое не се базира ниту на материјални ниту на вербални докази.

– Наша цел и обврска е да се утврди вистината врз основа на докази кои се неспорни и ќе ја дадат фактичката состојба. Мојот клиент е обвинет дека со умисла, давал совети и упатства и средства на располагање му помогнал на обвинет да пушти во оптек пари кои се нелегално стекнати. Овој предмет не е само кривичен бидејќи Јавното обвинителство се повикува на одредби од граѓанско и деловно право кое не го познава. Прво не докажаа дека постојат пари кои се предмет на кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ не пријави отштетно побарување. Не се утврди дека фалат какви било пари а не пак ваков значителен износ. Десет години институциите не докажаа дека фалат пари. Станува збор за опасен преседан бидејќи Јавното обвинителство бара да се верува на збор и чувства на сведоци, а не да се верува на докази – рече Давидовиќ.

Тој наведе дека се тврди оти плацевите се сопственост на првообвинетиот Никола Груевски, а во Катастарот се покажува сосема друго.

– Нема име на првообвинет. Ова е важно поради тоа што доколку е така, Мијалков нема во што да учествува. Се тврди дека апартманите се на првообвинетиот ама во Катастар стојат дека се на име на сведок, односно негова сопственост. На што да веруваме? На официјални документи или на чувства? Дека е ова конструкција.

повеќе

Back to top button
Close