Оделот за имунологија не работи поради недостиг на кадар, вели директорот на Детската клиника

На Детската клиника во Скопје има недостиг од медицински сестри, поради што привремено се споени два оддела, но ниту еден пациент не се враќа, изјави директорот на Детската клиника во Скопје Реџеп Мемеди.

Тој посочи дека сите оддели работат со голем број пациенти од целата држава, а поради недостигот на кадар било неопходно привремено да се спојат одделите за Имунологија и Пулмологија А.

„Не можевме да организираме сменска работа и распоред за дежурства, па бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела за да обезбедиме доволен број сестри за покривање на дежурствата. Одделот не е укинат, ова е привремено решение додека го надминеме недостигот на кадар“, изјави Мемеди.

Тој нагласи дека и покрај намалениот капацитет за прием, сите деца кои имаат потреба од болничко лекување се згрижуваат.

„Нема да вратиме ниту еден пациент. Ќе најдеме место, ќе ги згрижиме и ќе ги третираме. Но, поради недостигот на сестри, мораме привремено да ги споиме двата оддела за полесно да го организираме дежурниот кадар“, рече Мемеди.

Back to top button
Close