Одеса – бисер на Црно Море

Одеса е град кој се наоѓа во Украина, на брегот на Црно Море. Тоа е многу стар град, каде е пронајдена античка населба. Од поново време пронајдена е татарска населба која била формирана од Хачи И Гирај, Канот на Крим во 1440 година.
Градот потоа бил под Литванска контрола, па во 1529 година го завзеле турците и станал дел од Отоманската империја, се до 1792 година кога по Руско – Турската војна бил ослободен.
Официјалното формирање на Одеса се случило во 1794 година со декрет од руската кралица Катерина Велика.
Со тек на време, а посебно за време на Советскиот сојуз, Одеса станува еден од најбитните пристаништа и морски бази на СССР.