„Одговорноста ќе биде на оние кои ги блокираат уставните измени“, вели Каевски

Одговорноста ќе биде на оние кои ги блокираат уставните измени рече пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски во емисијата 24 анализаи. Тој нагласи дека секогаш може да се избоксува подобар предлог и да се преговара подобро.

„Во делот на преговорите на она што беа загарантирани црвени линии, согласно заклучоците кои ги гласавме во Собранието, пред една година, каде зборувавме дека македонскиот идентитет и јазик се работи за кои не се преговара. Тие работи кои опозицијата хистерично се обидуваше да ги наруши и да направи прецепција дека тие ќе се загубат. Ние како македонска дипломатија и власт успеавме да ги сочуваме и за нив да не се преговара. Можеме на се да бараме забелешки на се, на било кој процес и да бараме причина да гласаме или блокираме. Кога се работи за инетресот на граѓаните, за нешто што ќе не движи напред, што ќе го подобри животниот стандард, тогаш треба да се тргне на страна политиканството – рече Каевски.

Тој додаде дека опозицијата не понудила никакво соодветно решение.

„Доколку имаат соодветна опција за европскиот пат, чесно е да излезат пред граѓаните и да кажат дека „ние ќе го блокираме европскиот пат затоа што сметаме дека државата треба да се движи во друга насока. А од една страна велат „ние сакаме да одиме во Европска Унија, ама не сакаме вие да ги движите работите напред“, рече Каевски.

Тој додаде дека дипломатијата и надворешната политика која ја води владата преводена од СДСМ, ја внесе државата во НАТО, ги започна преговорите за ЕУ, се одржа првата меѓувладина седница, одлично напредува и треба да заврши скрининг процесот и дека сето тоа е доказ дека оваа власт ја движи државата напред.

Back to top button
Close