Одложен вечерашниот концерт во Кичево

 Вечерашниот концерт што требаше да се одржи во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево е одложен. Од Центарот за култура соопштија дека Трио-концертот е одложен поради влошената состојба со Ковид 19 во кичевскиот регион.

– Се надеваме на разбирање за откажувањето во последен момент на концертот, но до ова дојде по консултација со релевантните здравствени институции, кои ни сугерира дека културните активности би било подобро да се откажат – одложат сè до подобри времиња за кои ќе бидете навремено известени. Се надеваме на разбирање и од јавноста и од уметниците кои едвај чекаат да се врати културниот живот во нормала, информираа од ЦК „Кочо Рацин” во Кичево

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close