Одложена седницата на собраниската комисија на која требаше да расправа за сомнежите за наводно незаконско прислушување од АНБ

Одложена е Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

Од собраниските служби нема образложение за одложувањето на седницат

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја имаше закажано седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Ова следи откако пратеникот Љупчо Пренџов како член на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од Eвропскиот фронт да закаже итна седница по што претседателот на Комисијата Скендер Реџепи рече дека додека е претседател и дискриминиран нема да свика таков состанок.

– Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, изјави Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикале силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

– Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Back to top button
Close