Одложена средбата меѓу министрите Бектеши и Кошарац

Поради објективни причини одложена е средбата што беше предвидена да се одржи помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Сташа Кошарац, соопшти Министерството за економија.

– Како што соопштија од Министерството за надворешна трговија и економски односи и од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, поради објективни причини делегацијата нема да може да ја одржи денешната средба според планираното и дека истата ќе биде откажана на неодредено време, се вели во соопштението

Back to top button
Close