Oдложени летови поради густата магла во Велика Британија

Десетици летови денеска беа одложени во Велика Британија поради густата магла која ја намалува видливоста на само 100 метри во некои делови од земјата, соопштија метеоролозите.

 

„Воведени се привремени ограничувања на воздушниот сообраќај поради маглата што предизвикува слаба видливост. Некои летови може да бидат одложени во текот на денот“, изјави портпаролот на лондонскиот аеродром Гетвик.

Од утрово на тој аеродром доцнат 35 летови за полетување и 26 за пристигнување, а откажани се два лета.

Back to top button
Close