Одложено судењето против Палчо и другите обвинети за убиствата – Видевски хоспитализиран

Судското рочиште против Љупчо Палевски – Палчо и другите четворица обвинети за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, коешто беше закажано за во понеделник, се одложува поради влошената здравствена состојба на обвинетиот Боре Видевски.

-ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје на 02.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ Затвор Скопје е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба, соопшти Судот.

Претходно неговиот адвокат кажа дека Видевски имал трансплантиран бубрег пред десет години но, сега и тој му откажал и неговата здравствена состојба е многу лоша.

Кривичен ги одложи двете рочиште закажани за идната недела, а следното рочиште за овој предмет го закажа на 14 октомври.

За убиствата на Вања и велешанецот обвинети се Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето Александар Ѓорчевски.

Првото рочиште се одржа на 20 септември и тогаш сите петмина се изјаснија дека не се чувствуваат виновни

Back to top button
Close