Одморот се претворил во пекол: Српски државјани казнети со 95.000 евра во Грција

За сите што планираат одмор во Грција во своја организација, особено со приколки, мобилни куќи и скари, еве едно сериозно предупредување: Грчките власти преземаат мерки против нелегалното кампување и нелегалната градба, дури и на земјиште што го поседувате, пишува Пари.

На Фејсбук страницата на „Грчка Инфо“ неодамна беше објавена сторија што илустрира колку сериозни можат да бидат последиците ако се прекршат локалните закони.

Некои граѓани на Србија купиле парцели во близина на Лептокарија крај Егејското море. Иако станувало збор за парцела што, според грчкиот закон, не била наменета за градба, сопствениците поставиле мобилни куќи, санитарни јазли, скари на своите парцели и почнале да ги издаваат под наем.

Грчките власти реагирале брзо. Инспекцијата дошла на лице место и им наредила што поскоро да ги отстранат сите предмети, а сопствениците биле казнети и со парична казна од 95.000 евра.

Повеќе

Back to top button
Close