Одредени групите за Светскиот куп 2026, македонските фудбалери ако го минат баражот „одат“ во група А

Во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон заврши извлекувањето на групите за Светскиот куп 2026. Македонските фудбалери доколку го минат баражот со Данска и потоа евентуално со Република Ирска или Чешка се распоредени да бидат во групата А заедно со ко-домаќинот Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Распоред на групите:

Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник од бараж Македонија – Данска / Република Ирска – Чешка.

Група Б: Канада, победник од бараж БиХ – Велс / Италија – Република Ирска, Катар, Швајцарија.

Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска.

Група Д: САД, Парагвај, Австралија, победник од бараж Словачка – Косово / Турција – Романија.

Група Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата коска, Еквадор.

Група Ф: Холандија, Јапонија, победник од бараж Украина – Шведска / Полска – Албанија, Тунис.

Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд.

Група Х: Шпанија, Зеленортски острови, Саудиска Арабија, Уругвај.

Група И: Франција, Сенегал, победник од бараж Ирак / Боливија – Суринам, Норвешка.

Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан.

Група К: Португалија, победник од бараж ДР Конго – Нова Каледонија – Јамајка, Узбекистан, Колумбија.

Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама.

Репрезентациите од „првиот шешир“ ги извлекуваше НФЛ играчот Том Брејди, од „вториот шешир“ беше поранешниот НБА играч Шекил О‘ Нил. Од „третиот шешир“ репрезентациите ги извлекуваше бејзбол играчот Арон Џаџ, а од „четвртиот шешир“ НХЛ легендата Вејн Гретцки.

Шампионатот почнува на 11.јуни, а финалето ќе се игра на 19.јули во Њу Џерси

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close