Одредени се сите учесници во плејофот и плејинот на МЛС

 По одигрувањето на натпреварите од 34. коло, познати се сите учесници во плејофот и плејинот во американската фудбалска лига – МЛС.

Сан Диего го освои првото место на табелата во Западната конференција со 63 бода по 34 натпревари. Второпласиран е Ванкувер исто така со 63 бода, додека трет е Лос Анџелес заврши со 60 бода. Минесота, Сиетл, Остин и Далас исто така обезбедија плејоф, додека Портланд и Реал Солт Лејк ќе играат во плејинот.

Во Источната конференција Филаделфија го освои првото место со 66 бода, пред Синсинати и Интер Мајами со по 65 бода. Останатите тимови што се квалификуваа за плејофот се: Шарлот, Њујорк Сити, Нешвил и Колумбус, додека Чикаго и Орландо се пласираа во плејин.

Back to top button
Close