Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Македонија пат апелира на внимателно возење на патот Делчево – Македонска Каменица поради одрони

-Врнежливото време во комбинација со теренот знае да предизвика вакви појави бидејки се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави. Затоа апелот е да се вози внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината, информираа од „Македонија Пат“.

Поради дождот, кој утрово започна да паѓа со посилен интензитет во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози.

Back to top button
Close