Одроните се отсрануваат од патот Штип-Неготино преку планината Серта

По обилните врнежи од дожд изминатите денови на патот Штип-Неготино се појавуваат помали одрони. Никола Рунчев одговорен за патишта во регионална подружница на ЈП „Македонија пат“ –Штип вели дека одроните, кои се на територија на Општина Штип се чистат од коловозот од страна на екипата, а на останатиот дел се нивните колеги од Неготино.

Рунчев вели дека имајќи во предвид каква е конфигурацијата на теренот, секојдневно е одржување на овој патен правец, кој ги поврзува општините од Тиквешијата со Штипскиот и Струмичкиот регион.

На овој регионален пат, кој поминува низ планината Серта при вакви временски неприлики редовно се појавуваат помали или поголеми одрони. Патот не е забранет за сообраќај и по него слободно може да се движи, а во моментов се изведуваат и градежни работи на еден од мостовите.

Back to top button
Close