Одржан концерт на Дејан Георгиев – Ѕене и Елена во Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“ синоќа во киносалата во Делчево, концерт одржаа  Дејан Георгиев – Ѕене и Елена. Концертот беше насловен Ladies Night, а беа изведени познати светски џез хитови од минатиот век.

-За нас најважно е што видовме скоро полна сала, видовме среќни лица, тоа ни е најважно. Ние двајцата сме задоволни и затоа се надевам дека во скоро време пак ќе имаже можност да настапиме пред нашата публика, истакна солистот Елена Трајанова.

За неполни два дена ова е втор концерт во организација на Центарот за култура, а директорот на установата Методи Толевски најави уште многу концертни активности во периодот кој следи.

-За неполни два дена имавме два концерти, еден од областа на фолклорот, еден од музичко-сценската дејност. Ние годинава имаме 23 проекти одобрени од Министерството за култура, од кои повеќето се од музичко-сценската дејност, а веќе направивме 3 концерти, кои не беа дел од годишната програма за култура, додаде Толевски.

Пред два дена концерт во киносалата во Делчево одржа и ансамблот „Танец“

Back to top button
Close