Одржано првото коло од Државното првенство во прескокнување пречки

Во организација на Коњичкиот клуб Бравадос денес на терените во Волково се одржа 1. коло од отвореното Државното првенство во прескокнување пречки за 2020 година.

Натпреварувачите на Процес победија во две категории, додека Бравадос и Анималс освоија први места во по една дисциплина.

Постигнати резултати:

Класа Д – висина на пречките 0,80 метри:
1. Ветон Курти со грлото Kолани од КК Бравадос
2. Ена Блажеска со грлото Нур од КК Бравадос
3. Елена Димитриова со грлото Прешес од КК Анимал;

Класа Ц – висина на пречките 0,90 метри:
1. Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК Процес
2. Петар Милошевски со грлото Колви од КК Бравадос
3. Леонида Гроздановска со грлото Дон Октавијан од КК Анималс;

Класа Б – висина на пречките 1 метар:
1. Меланија Атанасовска со грлото Дон од КК Процес
2. Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК Процес
3. Дарио Гроздановски парадизо Силвано од КК Анималс;

Класа А – висина на пречките 1.10 метар:
1. Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК Анималс
2. Меланија Атанасовска со грлото Дон од КК Процес
3. Леонида Гроздановска со грлото Делано Лева од КК Анималс.

Back to top button
Close