Одржано вондредно Собрание на Сојузот на стопански комори на Македонија
Дневниот ред на собранието содржеше 14 точки со кои се констатираат груби прекршувања на Статутот, изнесување на лични ставови, донесување на индивидуални одлуки штетни по угледот и репутацијата на ССКМ, груб упад во дата базите и податоците на ССКМ и злоупотреба на социјалните медиуми за работењето на ССКМ и нејзините членки во изминатиот период од страна на преседателот Трајан Ангелоски и лица во неговото најблиско опкружување.
По барање од десет членки на УО на Сојузот на стопански комори на Македонија – ССКМ денеска ( 09.07.2025 година) во 13 часот, се одржа вонредно Собрание на ССКМ со присуство од голем број на членки од седум комори и една групација. Вонредното Cобрание на ССКМ поради заклучените простории на ССКМ од страна на досегашниот преседател Трајан Ангелоски, се одржа на кровната панорамска тераса. Собранието се одржа во присуство на извршниот директор на ССКМ , овластен адвокат кој беше избран за претседавач на Собранието, и записничар нотар за верификација на неговата веродостојност и валидност. Избраната верификациона комисија ја констатира легитимноста и бројноста на Собранието на ССКМ, со што истото продолжи со неговата работа.
Покрај другите одлуки, ЗНАЧАЈНА ОДЛУКА на вонредното Собрание на ССКМ е дека на досегашниот претседател Трајан Ангелоски му прекинуваат сите овластувања за претставување на ССКM во земјата и странство како и учество во сите тела назначени од ССКМ во изминатиот и следниот период се до свикување на ново Собрание на кое ќе се избере легитимен претседател и Управен одбор на ССКМ.
Вонредното Собрание на ССКМ е закажано да се одржи на 30.07.2025 година и со ова соопштение до медиуми се повикуваат сите членки на ССКМ да земат учество и на истото да се избере легитимен претседател кој ќе ги застапува интересите на членките на ССКМ и на бизнис заедницата и ќе помогне во градење на државни политики проникнати од идеите и предлозите на македонскиот бизнис сектор.
Поради грубиот упад на Трајан Ангелоски во серверскиот систем и личните податоци на членките на ССКМ и неможноста за користење на службените емаил-ови на ССКМ, сите соопштенија кои ќе бидат пратени од официјалните емаил адреси на ССКМ се невалидни и неважечи.
Дополнително, Собранието одлучи дека правото на комуницирање со медиумите и членството на ССКМ до периодот на одржување на новото Собрание е исклучително на извршниот директор на ССКМ и неговата приватна електронска адреса.
Сузана Јаневска
Извршен директор ССКМ