Одржувањето предвремени избори не е поврзано со датумот за преговори со ЕУ, смета Мицкоски

И да добиеме и да не добиеме датум за преговори во јуни, потребно е да имаме предвремени парламентарни избори, затоа што народот тоа го бара од нас политичарите, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Ние и да добиеме и да не добиеме датум, потребно е да имаме предвремени избори, народот тоа на сите анкети го бара од нас политичарите, бидејќи повеќе од три четвртини наши сограѓани мислат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека оваа Влада треба да си замине, изјави Мицкоски за време на посетата на скопската Општина Аеродром во одговор на новинарско прашање.

 

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, добивање или не добивање на датумот за преговори не е поврзано со предвремени парламентарни избори, бидејќи како што посочи, живееме во најкорумпирана земја, со најслаба економија на Балканот и со најлош здравствен систем.

-Нас ни треба едно суштинско ресетирање на системот, суштинска промена и реформи. Во спротивно, ние ќе продлжиме во тонењето и ќе нижиме неуспеси наместо успеси. Гледаме сите идат напред ние одиме назад, додаде Мицкоски.

Back to top button
Close