Одземен мобилен телефон на организатор во извидничкиот камп, децата изјавиле дека била снимана малолетничка гола од половина нагоре  

Продолжува истрагата за извидничкиот камп што се одржал во близина на Скопје. Сега целата истрага е во рацете на надлежните органи, јавното обвинителство и полицијата.

Но, најновите информации на истрагата покажувале дека на овој камп имало учесници надвор од Скопје, и сега тие се повикуваат на разговор, пишува „Слободен печат“.

Бил одземен и телефон на еден од организаторите, бидејќи во сведоштвата на децата било истакнато дека снимале девојче, малолетничка, која била сосем гола од половина нагоре, само еден колаж и ги покривал градите. Сето ова, било пропратено со музика (рок песни).

Инаку, се огласија и од Сојузот на средношколци од каде ги повикуваат надлежните институции детално да ја истражат секоја изјава за извидничкиот камп за сексуално вознемирување.

Back to top button
Close