Одземена е лиценцата на „Беса Транс“

Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала “Струма” малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в “Пирогов”.
Пресфото – БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

Поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност, соопшти вечерва Министерството за транспорт

Министерството за транспорт и врски поплладнево соопшти дека автобусот на фирмата „Беса Транс БТБ“, кое се запали на автопатот во Бугарија при што загинаа 46 лица нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници.

Поради ова Министерството и ја одзеде лиценцата на оваа компанија, односно доби забрана за вршење на дејноста.

Во соопштението од МИнистерството за транспорт се вели дека автобусот не е евидентиран во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски.

Односно, Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на оваа фирма, а меѓу нив не е ова возило.

„Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата ‘Беса Транс БТБ’ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност“, се вели во соопштението.

Фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски.

Дополнително, Владата на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот „Беса Транс БТБ“.

Уште вчера, на прес-конференција, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најавии дека е започната процедура за одземање на лиценцата.

Бочварски соопшти дека, согласно досега добиените сознанија, превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, врз основа на член 12 став 2 алинеја 1 од Законот за превоз во патен сообраќај, така што во тек е постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот.

Back to top button
Close